ДОМА - pokana - Семинар: „Од идеја до мерливи резултати“

Семинар: „Од идеја до мерливи резултати“

Семинар: „Од идеја до мерливи резултати“

 

Датум: 30 ноември 2019

Почеток: 10:00 – 15:00 ч.

Времетраење на семинарот: Еднодневен, четири презентации од 45 мин, со паузи

 

Цели:

Со реализација на семинарот се реализира основната цел на проектот: едукација од областа на дигиталниот маркетинг.

Купи карта

 

Причини:

Потребата од развојот на човечките ресурси, подобрувањето на ефикасното и ефективно работење на поединци, но и на организацијата во целина, како и унапредување на знаењата и вештините на поединци/вработени претставува причина за постојано едуцирање на вработените. На тој начин по принципот на доживотно учење се создаваат услови за поуспешно функционирање на организацијата и остварување на поголем профит што претставува основна цел на постоење и делување на секој стопански субјект.

Со вложување во своите вработени се создаваат потребни предуслови, тие да ја остварат максимално успешно својата работна задача и да ја ,,продадат,, услугата, производот или да ја остварат својата основна работна задача на ефикасен начин.

Исто така, секундарен бенефит од обуките е и пренесувањето на стекнатато знаење на своите колеги и имплементирање на знаењата во практичното работење.

 

Целна група:

Учесници во семинарот би биле: маркетинг агенции, PR, новинари, портпароли, студенти, како и сите лица кои имаат врска со областа на маркетинг.

 

Локација:

Семинарот ќе се реализира во просториите на ресторан ,,Аманет,, (ул.Јордан Мијалков 62) кои се адекватно опремени со технички и други средства за спроведување на семинарот.

Котизација:

1000,00 ден. (цена по слушател), за студенти 500,00 ден

ЖИРО СМЕТКА за уплата на котизација на семинар
ЗГ ИНТЕГРА – ИНСТИТУТ ЗА ДОБЛЕСНА И ВРЕДНОСНА ПОЛИKA – Скопје
Банка: Шпаркасе банка Македонија
Сметка: 250-0310001642-48

On line уплата http://prodavnica.integra.mk/clenstvo
Слушателите добиваат: работни материјали, кафе пауза, ручек, сертификат.

Пријавување најдоцна до 29 ноември 2019 на тел. 078327638 и e-mail marina.m.sazdovska@integra.mk.

Купи карта

 

Агенда:

10:00 – 10:45 ч. – Психологија на маркетнинг

  • Предавач: Сара Саздовска, психолог

10:45 – 11:00 ч. – Кафе пауза
11:00 – 11:45 ч. – Прва сесија: Кој, Што и Кому: 3 клучни елементи за ефективна комуникација во бизнис-комуникации

  • Предавач: Игор Матески, експерт за маркетинг

12:00 – 12:45 ч. – Втора сесија: Изготвување на комплексни бизнис пораки преку дигитални медиуми

  • Предавач: Игор Матески, експерт за маркетинг

12:45 – 13:00 ч. – Пауза
13:00 – 13:45 ч. – Вештини за јавно говорење

  • Предавач: проф д-р Тихомир Стојановски, професор на ФДУ

14:00 – 15:00 ч. – Коктел

 

Содржина на обуката

Прва сесија: Кој, Што и Кому: 3 клучни елементи за ефективна комуникација во бизнис-комуникации

Кој: Кој е тој што зборува. Дефинирање на бренд-персона. Каков би бил карактерот на фирмата или организацијата која сака да искомуницира нешто. Потребен е детален и јасен план за тоа како фирмата комуницира, со цел да има конзистентна порака кон своите читатели/слушатели/клиенти. Основни прашања за изготвување на т.н Бренд Персона

Кому: Кој е слушателот? Пред да прозбориме, треба да знаеме кому му зборуваме. Каков е катактерот на Идеалниот Клиент? Што го нервира, што го плаши, кон што стреми, кои се аспирациите на личноста. Нашата порака не може, и не треба да е до тој степен сеопфатна, што никого нема да допре длабоко во душата. Основни прашања за изготвување на т.н  Клиент Персона.

Што: Која е јасната порака што сакаме да ја искомуницираме? Ако имаме само една минута со слушателот, која е основната порака што сакаме да ја пренесеме? Ова треба да е порака која што слушателот може да ја разбере, и ќе има корист да ја исслуша. Основни чекори за изготвување на Уникатна Продажна Порака.

 

Втора сесија: Изготвување на комплексни бизнис пораки преку дигитални медиуми.

Никој, никогаш, никому не успеал да продаде никаква идеа, од почеток до крај, во еден здив. Секоја промена е процес. Паметните го почитуваат ова, помалку паметните се надеваат на чуда. Процес на прифаќање на нови идеи, опишан во Кублер-Рос процесот за прифаќање/помирување со трауматични искуства Негирање на проблемот, Гнев поради случката/проблемот, Ценкање околу решенија, Депресивна состојба поради проблемот, Прифаќање на нашето решение/идеа

Процес на изготвување ефективни текстови/пораки
ПАСТА структура на текстови: Проблем, Агитација, Сторија/Солуција, Трансформација, Акција
Чекори за користење на дигитални медиуми за пренесување на пораката
Блог/вебсајт како база/центар на дигиталното присуство

Социјални мрежи како сателити/ветерници за генерирање интерес
Рециклирање на успешни текстови ( PPT, Webinars, Podcasts, YouTube)

Купи карта

На крајот од првата сесија, слушателите ќе знаат кои се основните елементи на ефективно комуницирање на бизнис пораки, и како да ги направат првите чекори за изготвување на овие компоненти.

На крајот од втората сесија, слушателите ќе знаат кои се фазите за пренесување на нови бизнис пораки/решенија, и ќе знаат како да ги структуираат своите пораки за да постигнат микро-цели како составни чекори кон постигнувањето на примарната-крајната цел: прифаќање на бизнис пораката и креирање на нови клиенти.

Провери!

ФАТА МОРГАНА – Политика на Илузија: Колумна за неделникот ФОКУС

Политичката илузија постана и ментален феномен. Тоа кое само власта го гледа, а се помал ...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *