ДОМА - За Интегра

За Интегра

  • Maкедонски 
  • Еnglish 

Цели на Институт за Доблесна и Вредносна политика ИНТЕГРА

  1. Политика заснована на вредносен постулат или т.н. вредносно базирана политика е тренд во перципирање на политиката во политичките науки. Вредносниот модел на владеење кој извира од издржан и докажан репер е посакуваниот модел на генерации политички мислители и дејци, особено во развиениот демократски свет, претежно од протестантско-христијански бекграунд.
  2. Вредносните принципи кои извираат од потврден извор каков што е моралниот корпус имаат потенцијал да понудат висок стандард на политичко живеење, кој пак е солидна основа за исправно трасирање на патот кон изградба на еден одржлив модел на владеење и уредување на вкупните општествени односи.
  3. Стандардот на политичко општење во политичкиот поредок кој би произлегол од примената на вредносниот модел на владеење, има значајно влијае врз градење и развивање на повисоки нивоа на политичка култура во општеството.
  4. Политичката социјализација која произлегува од таквиот морален корпус на вредносни принципи и стандарди на доблесно владеење ќе има сериозно позитивно влијание врз профилирањето на политичките идеологии на јавната политичка и општествена сцена.
  5. Методологијата на владеење и политичко општење, која нужно ќе произлегува од потребата за имплементација на високите вредносни стандарди на доблесна политика, како и за етаблирање на високо морално профилиран општествен модел, неизбежно ќе мора да биде морално фундирана и вредносно ориентирана во сите фази на нејзиното оформување и имплементирање.
  6. Оттука, дефинирањето на политиката како концепт на приграбување на што поголема власт, моќ, интереси и влијание за политичките чинители во власта, како и автократските модели на владеење проследени со високи коруптивно профилирани политички актери на јавната политичка и општествена сцена кои таквата дефиниција нужно ги носи на сцената, ќе мора да се реформира и концептот да се редефинира на морално вредносна основа.
  7. Целите на Институтот ИНТЕГРА се насочени кон исполнување на програмските рамки наведени во точките 1-6, потоа кон вршење на влијание на јавна сцена во насока кон поттикнување на политичките чинители за одржливо етаблирање на морално вредносен и доблесно профилиран политички поредок и вредносно доблесно уредување на односите во општеството.

Вредносно доблесниот модел на демократско политичко уредување и вредносно доблесната методологија на владеење ќе бидат предмет на постојана понуда на јавната сцена со цел да се етаблираат како посакувана опција за внатрешно политичкото уредување на Република Македонија. Постојниот модел и методологија на владеење и демократско општење во политичкиот систем и поредок на Републиката ќе бидат предмет на сериозно опсервирање и анализа, како и на континуирана критичка опсервација на општествената стварност која произлегува од нивното практикување на јавната сцена.

Инструментите со кои ќе се спроведуваат програмските цели на Институтот за вредносна и доблесна политика ИНТЕГРА се следниве:

  • Интернет страница со аудио и видео програмска содржина
  • Редовни прес конференции
  • Печатење и издавање на флаери, брошури, ЦДа, ДВДа и други промотивни и маректиншки материјали
  • Печатење и издавање на книги, годишни билтени и други академски изданија
  • Издавање на квартална академска политичка ревија од областа на политичките науки и теологијата, односно Библиски базирана политика и политичка теологија, со редакциски одбор од еминентни странски професори, во печатена и електронска форма
  • Организирање и учество во јавни политички дебати, симпозиуми, семинари, конференции и други јавни настани, со домашни и меѓународни угледни политички и јавни личности
  • Меѓународна активност за промоција на вредносно доблесниот модел и методологија на политичко владеење и уредување на општествените односи
  • И други значајни општествено корисни активности

 

                       Vision of the Institute for Virtues & Value Based Politics INTEGRA

  1. Politics founded upon moral postulates i.e. so called value-based politics is a trend in perceiving politics in political sciences. The meritorious model of governing which has its source in substantiated and evidenced standard is the coveted model of generations of political thinkers and political actors, especially so in the developed democratic world, of predominantly protestant-Christian background.
  2. The upstanding principles which have their roots in an evidenced source such as the moral corpus, have a potential of offering a high standard of political living, which in turn is a solid ground for a correct trailblazing of a road towards the building of a sustainable model of governing and methodizing the overall societal relations.
  3. The standard of political interfacing within the political order which would be engendered by the application of the upstanding model of governing, has a significant influence upon the building and development of higher levels of political culture of society.
  4. The political socialization that arises from such a moral corpus of upstanding principles and standards of meretricious governing will have a notably positive influence upon the profiling of the political ideologies on the public political and societal scene.
  5. The methodology of governing and political interfacing, which necessarily stems from the need for implementation of the higher value standards of meretricious politics, as well as the establishment of higher morally profiled societal model, will most necessarily have to be morally founded and virtuously & values oriented in all of its formulating and implementing phases.
  6. Whenceforth, the defining of politics as a concept of usurping as much rule, power, interests, and influence by the incumbent political figures, as well as the autocratic models of governing accompanied by highly corruptly profiled political actors at the public political and societal scene which are inevitably brought to light by such a definition, will need to be reformed with the entire concept being redefined upon a morally virtuous foundation.
  7. The objectives of the INTEGRA Institute are directed towards carrying out the program frameworks enlisted in bullet points 1-6, and additionally, the conducting of an influence at the public with the purpose of motivating the political actors towards the sustainable establishing of a value based, morally virtuous and meretriciously profiled political order and an honorably upstanding methodizing of society interactions.

The honorably meretricious model of democratic political organization and the honorably meretricious methodology of governing will be a subject of the existing offer at the public scene for the purpose of establishing them as the desirable option for domestic political arrangement of the Republic of Macedonia. The existing model and methodology of governing and democratic interface within the political system and order of the Republic will be a subject to serious observation and analysis, as well as subject to continual critical observation of the societal reality which stems from their being practiced at the public scene.

 

The instruments that will be used to carry out the program objectives of the Institute for Honorable and Virtuous Politics INTEGRA are the following:

  • A web page with audio and video program contents
  • Regular press-conferences
  • Printing and publishing of fliers, brochures, CDs, DVDs and other promotive marketing materials
  • Printing and publishing of books, yearly bulletins and other academic editions
  • Publishing a quartile academic political review in the area of political sciences and theology, especially Bible-based politics and political theology, with a redaction committee of eminent foreign professors, in printed and electronic form
  • Organization of and participation in public political debates, symposiums, seminars, conferences and other public events, with domestic and internationally distinguished political and public persons
  • International activity towards promoting the honorably virtuous model and methodology of political governing and methodizing of societal relations
  • Other significant societally useful activities.

 

 

Comments are closed.