ДОМА - Колумни - Железниот кабинет (Armoire de fer)

Железниот кабинет (Armoire de fer)

  • Mакедонски
  • English 

Armoire de fer 

Последниот француски крал Луј 16ти заврши неславно, а со него и илјадагодишната француска монархија. Неговиот пад го донесе републиканизмот на јавна сцена.

Зошто е значајна и поучна неговата судбина?

Изразот “armoire de fer“ или преведено “железните гради/ железниот кабинет“ се однесува на неговата тајна соба каде што тој ја криел целата приватна коресподенција со сите видни личности на Франција, во тој пост револуционерен период, кога тој владеел со Франција. (1774-1792) / (Gendron, F., “Armoir de Fer,” in Soboul, A., Ed., “Dictionnaire historique de la Revolution francaise,” p.42, PUF, Paris: 2005)

Големи биле напорите на тогашното општество да го намали влијанието на царот врз француската стварност, да се прекине со силната корупција, со автократско владеење и крволочно пресметување со неговите противници на јавна сцена. Во периодот на неговото владеење, иако себеси се претставувал како реформатор, тој всушност ја внел Франција во тотален хаос, а катастрофалните последици од неговите заблуди и промашувања, од мегаломанијата во секоја сфера, ја следеле Франција долги години потоа.

Лавината, која всушност го покренала и забрзала неговото неповратно детронирање е всушност објавувањето на илјадници тајни документи за приватната коресподенција со неговите соработници и подредени. Приватните разговори и конверзацијата ја откриле и злокобната позадина на моделот на владеење на тогашната монархија, бескрајните корупциски скандали, како и мистериозните насилни пресметки со противниците на политичката сцена. И тогаш имало обвинувања дека дел од материјалите биле сокриени од јавноста, дури и дека биле уништени, дека само дел од нив биле избрани да бидат објавени и т.н.

François Gamain бил службеникот кој имал пристап и го обезбедувал “железниот кабинет“, и тој е клучната личност кој и́ ја открил на француската јавност злокобната коресподенција, а да затоа, ниту бил обвинет, ниту осуден, напротив му била доделена доживотна државна пензија. Со тој чин тој всушност го забрзал падот на монархијата и како последица на огромно нараснатиот револт и гнев на нацијата кон Луј 16ти, поттикнати од содржината на објавената коресподенција, кралот завршил осуден и погубен на гилотина.

*[1] Albert Mathiez , La Révolution française, vol. 2: «La Gironde et la Montagne», Ch. 4 : «Le procès du roi»

Француското општество храбро се соочило со суровата политичка стварност во која се нашле нацијата и државата, а новата република донела одлука да ги испечати сита јавно објавени компромитирачки материјали како посебно издание на Националната институција за печат, како трага за еден срамен историски период, но и како опомена за сите идни властодршци, и покрај тоа што на нацијата со таквиот модел на владеење и општење, и́ бил нанесен тежок срам и понижување на јавната меѓународна сцена.

Поуката и пораката од овие историски настани, е што после долг период на “породување на јавна сцена“ се изродува доблесноста, вредностите и интегритетот како вредносни принципи. Јавните личности во политичкиот живот конечно сфатиле, дека ако сакаат да имаат кредибилитет во јавноста, и јавноста да стекне доверба во нив, за нивните политики и владеење, дека тие ќе мора да делуваат соодветно на тоа кое го говорат, и да говорат тоа кое го мислат. А солиден, цврст и принципиелен карактер е таквиот, кој се држи до вредносни принципи, кои извираат од издржан и одржлив морално вредносен репер.

Каде сме ние во тој контекст? Каде оди Македонија?

Македонската општествена реалност е ни малку розова. Нацијата е соочена со невиден срам на јавна сцена. Целата јавност постана сведок за непримерен начин на владеење, за простотилак на видни властодршци од невидени размери, за злокобно општење во политичката комуникација, за изгубена мерка во злоупотребата на позициите на моќ и влијание, за прекумерен занес од слава и привидна моќ, за пренагласено чувство на семоќност, за бедно сеење страв кон секој кој ќе покаже и најмала доза на слободоумност и храброст на јавна сцена. Јавноста постана сведок за владеење со закани, уцени, притисоци и  рекет кон неистомислениците, станавме сведоци за моделот на поделби на нацијата по сите основи, за премногу “зла крв“ вбризгана во односите внатре, едни помеѓу други. И сево ова, под плаштот на соголена корупција од невидени размери, прикриена од мегаломанијата на измислени проекти чија што вредност за идните генерации е во најмала рака симптоматична, и проблематична.

Непишано правило е таму каде што има тајновитост и нетранспарентност, таму се “гнездат крокодили“. Ако најстрого чувана тајна е вкупната сума, на по сите основи потрошена од народните пари за проектот Скопје 2014та, тогаш таму е леглото на “крокодилите“, ако строго чувана тајна е влогот на државата во субвенционирањето на странските инвеститори во слободните бесцарински зони, тогаш таму е уште едно од гнездата, ако субвенционирањето на земјоделството е несразмерно со резултатите на терен и со вкупниот раст на примарното земјоделско производство тогаш очигледно системот е порозен и се наѕира уште едно легло, потоа ако инвестираните пари за увоз на електрична енергија се со несразмерен раст во однос на вкупниот раст на индустриското производство во период од 9 години наназад, тогаш е изгнездено уште едно легло…и така во недоглед, скоро во секоја значајна област на општеството, евидентно е постоење на основано сомнение за непримерена корупција и злоупотреба на власта и позициите на моќ и влијание од страна на нашиве властодршци. Патокозот за специјалниот јавен обвинител е повеќе од јасно видлив. Траекторијата за идните активности е таа, се́ надвор од неа ќе биде сомнително. Трагата на парите е физичка категорија и лесно следлива. Трагата на парите ќе мора да доведе до конечната пресметка на нацијата со политичката мафија, до пресметка со сето зло нанесено на нашиот народ, во изминативе 20тина години на независност и самостојност. Дното е допрено. Како нација останавме на дното на цивилизациите, нанесен ни е срам како ретко кога порано.

Ние сите заедно, слободоумните граѓани на Македонија ќе мораме сплотено да одговориме на сета злокоб на јавна сцена. Ако тоа не го сториме сега, без и́ ден одложување, последиците ќе се мултиплицираат до невидени размери. Опстанокот на нацијата и државата се во прашање. И́ ова, е момент на сериозност. Аларм на нашата совест, кој мора да ѕвони силно во сечиј ум кој му мисли добро на своето поколение.

Алармот на мојата совест не ми дава мир. Едноставно не сакам да прифатам дека еден бизнисмен од ранг, да ги носи своите бизнис одлуки во страв и под закана од последици по неговиот бизнис, ако случајно влезе во бизнис тракеторијата на партнерите на власта. Јас не можам да сфатам и  уште помалку да прифатам како е воопшто прифатливо да се живее во страв, под закана, уцена и принуда. Мојот народ ќе мора да се одважи и да згрми на јавна сцена: Вака повеќе не може! Време е за доблесноста и вредностите да зацарат на јавната сцена во Македонија, и да постанат основата на која Македонското општество ќе го престроиме на нови посакувани вредносни основи.

Институтот за доблесна и вредносна политика ИНТЕГРА е формиран со цел да понуди нова политичка визија на јавна сцена во Република Македонија, визија според која вредносниот модел ќе биде фундаментот на кој ќе се репостулира и реформира политичкиот систем, доблесноста и вредностите ќе мора да постанат стожерни принципи на основа на кои конечно ќе започнеме да го градиме и развиваме посакуваниот морално вредносен стандард во новиот поредок. Македонија конечно ќе мора да ја престроиме на нови вредносни основи.

Индивидуата ќе мораме конечно да ја издигнеме високо на општествениот пиедестал и да ја поставиме во центарот на сите политики, да и́ ја дадеме вредноста која Бог ја предодредил за неа. Индивидуата, поединецот, човекот е највисоката вредност во очите Господови. Таа мора нужно да си го заземе местото кое и́ припаѓа. Таа индивидуа е најсилниот внатрешен ресурс на кој едно општество може да се потпре и да го втемели својот развој. Времето на колективитети не го издржа забот на времето. Сите идни владини политики ќе мора да се престројат, и да го апсолвираат и вградат во своите постулати овој вредносен модел, според кој индивидуата ќе биде центарот на се́ во едно општество, во една држава.

Оттука, компонентите на просперитетот, според ОН и УНДП, се директно поврзани со индивидуата и квалитетот на животот на истата. Време е да го прекинеме срамот на вредниот и работлив македонски човек, кој оди со крената глава само десетина дена во месецот, а остатокот во месецот со наведната глава, срамејќи се што не може да ги следи амбициите на своите деца и да им ја задоволи иманентната потреба за квалитетен живот.

Прекинот на тој гордиев јазол е можен само со квалитетно образование, високо организиран здравствен систем кој ќе го продолжи векот на живот на поединецот, повеќе од просекот кога било претходно.

Квалитетот на животот е можен да го достигнеме и ние, само со ревност за промени. Мојот народ конечно ќе мора да се избори со апатијата и постојаниот дефетизам или неверието дека може нешто да се промени на сцената. Ќе мораме сите заедно да пројавиме повисоки амбиции, ако сакаме промена, ако сакаме видлива промена за секој, промена која ќе ја почувствуваат и сите натажени ликови кои ги сретнуваме секојдневно и насекаде околу нас.

Доблесноста и вредностите на јавна сцена, во секој сегмент на животот, а особено во политиката и владеењето се услов без кој не се може…”condicio sine qua non…”. Општествениот организам ќе мора да се ревитализира на здрави основи. Здраво семе е потребно да биде посеано, ако сакаме новиот систем и новото општество поставено на нови вредносни постулати да даде здрави плодови, плодови кои ќе ги вкуси секој поединец. Ова е идеалот на многу општества. Но, само малку се спретни и подготвени да направат промена и исчекор во таа насока.

Нека ова писание биде проглас до секоја добронамерна слободно мислечка индивидуа, да се охрабри и одважи, да го крене својот глас, да изрази став на јавна сцена, да излезе од комфорот на своето секојдневие, а за повисоки цели и вредности. Исто така добро знам дека бродот е најсигурен во своето пристаниште. Но, бродот не е за тоа создаден. Создаден е за да плови по море, дали мирно или не, е друго прашање.

Јас ја донесов таа одлука и спогодбено излегов од професионалниот дел на администрацијата, после 14тина години упорни обиди да се променат состојбите на подобро одвантре. Сите можности внатре се исцрпени, плафонот е достигнат, повеќе нема ниту сантиметар простор да се влијае внатре во институциите, кон промена на подобро. Очигледно бедемот е пресилен, а ѕидовите на Ерихон се́ уште силни. Старите навики и рутина на автократското владеење не даваат надеж дека ниту тронка покајание е на повидок. Оттука падот на ваквата методологија на владеење и однос кон индивидуата и нацијата е неизбежен. Час поскоро, тоа подобро.

Нека моиве зборови бидат и повик до интелигенцијата на мојот народ, да се одважи и охрабри и да го преземе товарот на своите плеќи, да го поведе нашиот народ на новиот пат, пат на интегритет и просперитет, каков што посакува секој еден од нас, каков што посакуваат плејада млади кои ја напуштија својата родна грутка за парче леб, за повисок стандард и Нека ова биде аларм на нашата совест, дека вака повеќе не смее.

Македонија може! Македонија умее! Нацијата е подготвена за нови предизвици, подготвена е за вредносна промена на нови основи, подготвена е за нов поредок. Нацијата е подготвена за нова вредносна визија за интегритет и просперитет.

Ајде сите заедно, сплотени и единствени да зачекориме кон таа нова визија, визија за горда и достоинствена индивидуа и нација.

Скопје, 25 Септември 2015 година

Д-р Љупчо Ристовски

Претседател на ИНТЕГРА

Институт за доблесна и вредносна политика

www.integra.mk

 Armoire de fer

 The last French King Louis XVI ended up ingloriously, and with him the millennial French monarchy also. His fall brought republicanism to the public scene.

 

Why is his destiny noteworthy and didactic?

 

The expression “armoire de fer,” translated meaning “iron chest / the iron cabinet” refers to his secret chamber where he had been hiding his entire private correspondence with all the prominent individuals of France, during the post-revolutionary period, when he was ruling over France. (1774-1792) / (Gendron, F., “Armoir de Fer,” in Soboul, A., Ed., “Dictionnaire historique de la Revolution francaise,” p.42, PUF, Paris: 2005)

Great were the efforts of society in those days to reduce the influence of the King over French reality, to put an end to the strong corruption, autocratic rule, and to the bloodthirsty crusades against his enemies on the public scene. During the period of his rule, even though he depicted himself as a reformer, he actually hurled France into total chaos, and as for the catastrophic consequences of his misconceptions and blunders, of the megalomania in every sphere, haunted France for long years to follow.

The avalanche, which in fact initiated and accelerated his irreversible dethroning, was the publishing of thousands of secret documents or the private correspondence with his collaborators and staffers. The private correspondence and conversations unveiled the maleficent background of the governing model of the monarchy of that period, the infinite corruption scandals, as well as the mysterious violent face-offs against his opponents on the political scene. Even back then there were accusations that part of the materials have been hidden from the public, that they were destroyed, that only a section of them were selected for publishing, etc..

François Gamain was the official who had access to and sentineled the “iron cabinet” and he is the key person who disclosed to the French public the maleficent correspondence, and yes, due to this he was neither accused not convicted, to the contrary, he was awarded lifelong state pension. With this act he precipitated the fall of the monarchy and as a concomitant of the enormously accreted revolt and wrath of the nation towards Louis XVI, galvanized by the contents of the correspondence published, the nation had the king convicted and executed by guillotine. [1]

French society courageously confronted the cruel political reality the nation and state found themselves in, whereas the new republic made a decision to print all compromising materials as a special edition of the National printing institution, as a reminder of an embarrassing period of history, but also as a caution to all future incumbents, in spite of the fact that due to such a model of governing and interface it endured heavy shaming and humiliation at the public international scene.

The lesson and message from these historical events is that, after a long period of “travail on the public scene” righteousness comes out, alongside moral values and integrity as virtuous principles. Public personalities in political life have finally understood that, if they aspire to credibility in the public, if they seek the public’s confidence in their policies and governing, they will need to act according to what they speak, and to speak that which they think. A solid, strong, and principled character is such, which holds on to valued principles that spring from a substantiated and sustainable morally valuable standard.

Where are we found in that context? Where is Macedonia headed to?

The reality of Macedonian society is not at all pink. The nation has faced unprecedented embarrassment on the public scene. The entire public has become witness to the indecent manner of ruling, to the vulgarity of unprecedented proportions coming from prominent holders of office, to the maleficent interchange in political communication, to the lost balance in abusing the positions of power and influence, to the excessive reverie caused by glory and specious power, to the overemphasized feeling of omnipotence, to the shabby sowing of fear upon anyone who would show even the slightest amount of freethinking and valor on the public scene. The public has become witness to governing with threats, coercion, menacing, and intimidations directed at anyone with a differing opinion; we have become witnesses to the model of divisions of the nation on all bases, and to too much “bad blood” injected into internal relations, each against the other. And all of this, under the garment of corruption of unprecedented proportions laid bare, disguised by the megalomania of fabricated projects the value of which is in the least symptomatic, if not problematic for the future generations.

It is an unspoken rule that where there is secrecy and intransparency, is where the “crocodiles nest.” If the most surreptitious secret is the total figures of money of the overall national money spent on the project Skopje 2014, then that is where the “crocodile’s” nest is, if the most surreptitiously guarded secret is the wager of the state into the subvention of foreign investors in the tax-exempt free-trade zones, then that is where another one of the nests is located, and if the subventions of agriculture is not proportionate to the results on field nor with the total growth of the primary agricultural production then apparently the system is porous and yet another nest peeks out; furthermore if the money invested in electricity imports are in disproportionate growth when compared to the total growth in industrial production in the period of the past 9 years, then that is where another nest transpires… it goes on to infinitude, in nearly every significant segment of society, the existence is evident of substantiated suspicion of gross corruption and abuse of government and positions of power and influence by our holders of office. The road sign for the special public prosecutor is more than clearly visible. The trajectory of upcoming activities is such; anything outside of it would be suspicious. The trail of money is a physical category and is easily traceable. The trail of money will need to elicit a final confrontation between the nation and the political mafia, a showdown with all the evil inflicted on our people, in the past 24 years of independence and sovereignty. The nadir has been reached. As a nation we have become the bottom of civilizations, we have been inflicted with shame as rarely ever before.

All of us together, the freethinking citizens of Macedonia, will have to unitedly respond to the entire malice on the public scene. If we fail to do that right now, without procrastinating for a single more day, the consequences will multiply to unheard of degrees. The survival of the nation and the state are at stake. This is a moment of solemnity. The alarm of our consciousness must be resounding loudly in everybody’s mind – in everybody who desires the well-being of his descendants.

The alarm of my consciousness is not giving me rest. I simply do not want to accept that a renowned businessman must be making business decisions in fear and under threats after his business should he accidently “intrude” into the trajectory of the partners of the ruling group. I cannot fathom, even less so endure the idea that it should somehow be acceptable to live in fear, under coercion, intimidation, and compulsion. My people will need to take a stance and loudly proclaim on the public scene: This cannot go on! It is time for virtue and values to take over the rule on the public scene in Macedonia, so that they can become the groundwork upon which we will reorder Macedonian society upon newly desired virtuous foundations.

The institute for virtues and value-based politics INTEGRA is formed for the purpose of offering a new political vision on the public scene in the Republic of Macedonia, a vision according to which the value-based model will become the fundament upon which the political system will be re-postulated and reformed; virtue and moral values will have to become the pillar principles the bases upon we shall finally begin to build and develop the desired moral values standard of the new order. We will finally reorder Macedonia upon new virtuous grounds.

We will have to finally lift the individual high up on the societal pedestal, placing him at the center of all politics, giving him the worth and significance that they were predestined for by God. The individual most necessarily needs to occupy the place which rightfully belongs to him. That individual is the strongest internal resource that buttresses any society and upon which the development of societies is founded. The ear of collectivities has not stood the test of time. All future government policies will need to be reordered, and within their core will be absorbed and implemented all the postulates of this values model, according to which the individual will be at the center of everything in the society, in the country.

Indeed, the components of prosperity, according to the UN and UNDP, are directly correlated to the individual and his quality of life. It is about time to put an end to the humiliation of the hard-working, industrious Macedonian man, who walks with his head, lifted high for only ten days a month, whereas for the rest of the month he is chagrined and embarrassed with the inability to follow his children’s ambition or satisfy their imminent need for a quality life.

The ending of that vicious cycle is only feasible through quality education, highly organized healthcare system which would extend the life span of the individual more than the average of ever before.

The quality of life is practicable and attainable only if initiated through a passion for change. My people will ultimately have to fight against the apathy and continual defeatism i.e. disbelief that anything could change on the scene for the better. We will have to be unified in demonstrating higher ambitions, if we desire change, if we desire the visible change in everyone’s lives, a change that will be felt by all currently forlorn faces we see every day and all around us.

Virtue and moral values on the public scene, in every segment of life, and especially in politics and governing, are a condicio sine qua non… The societal organism will have to be revitalized upon healthy groundworks. Healthy seed needs to be sown, should we desire the new system and the new society, based on new moral value postulates, to give healthy fruits, fruits that will be tasted by every individual. This is the ideal of many societies. However, only a few are adept and prepared to make a change and step forward in that direction.

Let this communiqué be a pronouncement to every well-intentioned, freethinking individual, so that it will be encouraged and daring, so that its voice will be lifted up on the public scene, so that it will get out of the comfort zone of its mundaneness, but for higher goals and values. All at the same time, I know well that a ship is most secure at its port. Nonetheless, any ship is not created to stay at its port. It is created to sail at the open seas – whether the sea is calm or not is a different question altogether.

I made that decision and contractually left the professional segment of the administration, after 14 years of consistent efforts at changing the conditions to the better from within. All possibilities on the inside have been exhausted, the plateau has been reached, and there is not even a single centimeter of space for influencing the institutions from the inside for a change towards better. It is apparent that the rampart is too strong, and the walls of Jericho are still durable. The old habits and routine of autocratic governing do not give any hope that even a quantum of contrition is forthcoming. On that account, the fall of this methodology of governing and attitude towards the individual and the nation is inevitable. The sooner the better.

Let these words of mine be a call towards the intelligence of my people, so that it would be encouraged and venture into taking on the burden upon its own shoulders, leading our people on the new road, the road of integrity and prosperity, as desired by each one of us, as desired by the myriad of young people that have left their homeland in search for better income, higher standard, and,

Let this be an alarm of our consciousness – this must not go on.

Macedonia can! Macedonia is able! The nation is ready for new challenges, ready for a moral values change upon new bases, ready for a new order. The nation is ready for a novel virtuous vision for integrity and prosperity.

Let all of us together, united and unified, walk towards that new vision, a vision of proud and dignified individual and nation.

 

Skopje, 25 September 2015

Dr. Ljupco Ristovski

President of INTEGRA
Institute for Virtues and Value-based Politics INTEGRA
www.integra.mk

 

[1] Albert Mathiez , La Révolution française, vol. 2: «La Gironde et la Montagne», Ch. 4 : «Le procès du roi»

 

                                                                     

Провери!

Љупчо Ристовски: Ургентна е потребата од сериозен пристап кон Извештајот и препораките на Прибе – Faktor.mk

Љупчо Ристовски: Ургентна е потребата од сериозен пристап кон Извештајот и препораките на Прибе Објавено ...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *