ДОМА - Поздравен збор

Поздравен збор

  • Maкедонски 
  • English
Република Македонија се соочува со сериозни предизвици во втората декада од 21виот век. Влегуваме во една критична фаза од нашиот развој и од нашето постоење како држава и нација. Во последниот период политичкиот живот во Република Македонија беше обременет со сериозни состојби и ситуации. Сите ние заедно постанавме сведоци на еден модел на владеење, на една методологија на практикување на власта којашто, најблаго кажано претставува срам за нацијата. Да владеете постојано со закани, со притисоци, со уцени, со сеење на страв скоро во секој сегмент на општественото живеење не е достојно за ниту еден од нас.

Време е да се соочиме со ваквата сурова стварност на Македонската општествена сцена. Време е секој од нас да погледне со вистински очи на проблемите. Време е проблемите да се наречат со вистински зборови. Време е секој од нас да сфати и да прифати дека вака повеќе не се може. ИНТЕГРА Институтот за Доблесна и Вредносна Политика е одговор на потребите коишто ги наметнува моменталната ситуација. ИНТЕГРА Институтот ќе се обиде многу ревносно, жестоко критикувајќи ги критичните точки на општествената стварност да ја врати на јавна сцена доблесноста, вредноста, и интегритетот. Овие вредности и принципи се основа на која што ние ќе мораме како општество да го постулиаме одново политичкиот систем, да го репостулираме, да го рефундираме на нови осново. Ќе мора овие вредносни принципи да ги вградиме како морално-вредносен код во основите на политичкиот систем и во уредувањето на односите во политичкиот поредок.

Ние ќе мораме во даденава фаза од нашиот развој македонското општество да го поставиме на нови вредносни основи. Вредноста и доблесноста се изгубија некаде по патот. Ако вие не посеете здраво семе во секоја област од животот, тогаш не може да очекувате плодови. Сега е моментот кога Македонија мора да донесе одлуки. Сега е време за носење на вистински одлуки. ИНТЕГРА Институтот се одважува да се пушти во сферата на академска критичка опсервација на општествената стварност и да нуди излезни решенија. ИНТЕГРА како одговор на оваа нашасурова реалност содржи ревност во себе да објави нова визија, нова вредносна визија, визија за интегритет и за просперитет. Во таа нова визија индивидуата ќе мора да го заземе местото кое што и припаѓа. Божјата позиција е дека индивидуата е се во очите Господови; дека таа Хегова највисока вредност, човекот, поединецот… Ако оваа Божја позиција ја пресликаме низ матрицата, ја вмрежиме во политичката матрица, на политичкиот систем, тогаш едноставно доаѓаме до заклучокот дека индивидуата, поединецот, човекот, мора да биде издигнат највисоко на пиедесталот на општествената стварност во Македонија. Индивидуата мора да ја добие позицијата според која сите идни владини политики ќе бидат вперени кон неа, ќе бидат насочени кон нејзината добробит.

Компонентите на просперитетот, квалитетот на животот, повисокиот животен стандард, повисоката новосоздадена вредност во општеството, образованието, здравството, подолгиот животен век којшто го одразува квалитетот на животот, се правците по коишти ние треба да чекориме во таа визија. Оваа нова визија треба да не донесе до создавање на новиот поредок, на новите вредносни основи на македонското општество. Само така ние сеејќи здраво семе во основата на системот ќе можеме да очекуваме плодови, плодови кои ќе бидат вкусни за секој еден од нас. Вкусни и за оној обичен човек и обичен граѓанин, за сите оние тажни ликови коишто ние постојано и секојдневно ги среќаваме околу нас. Токму затоа е потребно целиот општествен систем да пулсира во интерес и во име и за сметка на тој поединец, на таа индивидуа, на човекот. Новите вредносни основи на македонското општество се насочна потреба во оваа фаза од нашиот развој и постоење како нација и држава. Затоа ИНТЕГРА ќе се обиде да упати повик до сиот интелектуален слој, до она што е најдоброто интелектуално нешто во македонската нација, да конечно се одважат, да се охрабрат, и да истапат на јавна сцена, да го кажат својот став, да излезат од комфорот на секојдневието. Јас добро знам дека бродот е најсигурен во неговото пристаниште. Но тој за тоа не е создаден. Создаден е да плови по море – дали е мирно или не е второстепено.

Затоа, интелигенцијата на мојот народ мора да се одважи и храбро да истапи на јавна сцена, да говори, постојано критички, секој во својата област на познавање, да ја опсервира општествената стварност, и да нуди нова вредност, да нуди повисока вредност, од било кога досега. Само така ќе може овој народ да го фати вистинскиот пат. Само така ќе може овој народ да го изнедри најдоброто од себеси и да не внесе во нови фази н просперитет. Овој срам на нацијата што го доживеавме, со методологијата на владеење, ќе треба години да се симне од нас. Овој срам на нацијата ќе мора да го пребродиме многу  умешно, многу разумно, многу умно, но за тоа ќе ни биде потребна храброст на сите. Ние сме соочени со состојба во којашто младите, посебно образовани кадри, секојдневно и постојано ја напуштаат својата татковина, својата родна грутка, во потрага по парче леб, во потрага по повисок стандард, во потрага по повисок квалитет на животот. Ако и мислиме добро на нашата нација, ако си мислиме добро на себеси, ако им мислиме добро на нашите деца и идните поколенија, време е да ги донесеме вистинските одлуки.

Затоа ИНТЕГРА институтот за вредносна и доблесна политика ве повикува сите да го дадеме својот придонес во тој правец. Оти ако сега го  пропуштиме моментот, тогаш неповратно сме ја изгубиле шансата да сториме нешто во нашиот живот со кое ќе се гордееме. Навистина е недостоинствено ако нашиот вреден македонски работлив човек оди гордо и достоинствено со крената глава само десетина до петнаесет дена во месецот, затоа што остатокот од месецот не може да си ги прехрани своите деца, своето семејство, или пак не може да ги обезбеди потребите на амбицијата на неговите деца, за подобар и поквалитетен живот, да ги остварат свпоите соништа овде во својата родна грутка, во својата татковина. Затоа драги мои, потребно е секој од нас, длабоко во себеси да размисли и да ја покрене својата совест. Алармот на совеста на секој од нас ќе мора силно да ѕвони за да ние конечно сфатиме дека навистина има потреба да се превземе нешто, да се понуди и изнесе нова вредност на јавна сцена, да посееме ново здраво семе во основите на македонското општество, и конечно да го престроиме во вистински правец. Оваа визија за интегритет и просперитет потребно е да постане наша реалност.

Ајде сите заедно да го направиме финалниот исчекор, и да превземеме секој во својата област, и секој според своите способности и умеење, да се одважиме, храбро, да направиме промена секој во нашите средини. Ајде сите заедно да го направиме потребниот исчекор во вистинска насока, во вистински правец, и конечно да прекине секоја можност и секоја шанса на било која идна власт да практикува владеење на недоличен начин.

The Republic of Macedonia is facing serious challenges in the second decade of the 21st century. We are entering into a critical phase of our development and of our existence as a state and a nation. During this past period the political life in the Republic of Macedonia was burdened by serious conditions and situations. All of us together have become witnesses to a governing model, to a methodology of practicing ruling powers which, in the very least, represent shame for the nation. Governing through constant threats, coercions, intimidation, through the dissemination of fear, in almost every segment of societal existence, is not dignified for any of us. It is time to confront this harsh reality of the Macedonian societal scene. It is time for each one of us to take a realistic look at the problems. It is time to call the problems by their real names. It is about time for each of us to understand and accept that this which has been going on is not permissible any longer.

INTEGRA, the Institute for Virtuous and Value-based Politics is a response to the needs which have been imposed by the current situation. The INTEGRA Institute will endeavor very zealously, through fierce criticism of the critical points of societal reality, to cause meretriciousness, virtue, and integrity to return to the public scene. These value principles are the basis upon which we as a society will have to postulate anew the political system, to re-postulate it, to reform it upon new grounds; we will have to implement these virtue principles as a values code within the groundworks of the political system, and within the systematizing of the relations within the political order. In this phase of our development, we will have to found Macedonian society upon new value-based groundworks. Value and virtue have been lost somewhere along the way. If you do not sow a healthy seed within every area of life, then you cannot expect any fruits.

Now is the moment when Macedonia has to make decisions. Now is the time to make true decisions. The INTEGRA Institute distinguishes itself and enters into the sphere of academic critical observation of societal reality, offering exist strategies, solutions for a way out. INTEGRA, as a response to this severe reality of ours, incorporates within its frames the zeal for the putting forth of a novel vision, new values vision, a vision for integrity and prosperity. In this new vision the individual will have to take the place that belongs to him. It is God’s position that the individual deserves everything in God’s eyes, that God’s highest value, the human being, the individual… If we transpose this God’s position through the matrix of politics, if we interweave it within the political matrix, within the political system, then we simply arrive at the conclusion that the individual, the human, the person, has to be elevated to the highest level of the pedestal of societal existence in Macedonia. The individual has to be granted the position at which all future politics will be directed towards him, will be aimed at his well-being.

The components of prosperity, quality of life, higher life standards, higher newly-created value in society, education, healthcare, longevity that characterizes the quality of life, are the route upon which we need to be walking in that vision. This new vision should bring us to the creation of the new order, the new value bases of Macedonia society. Only in this manner, through the sowing of healthy seed within the groundworks of the system, will we be able to expect fruits, fruits that will be palatable for each one of us. Palatable for the ordinary person, for the ordinary citizen, for all of those disheartened faces we encounter all the time and everyday around us. This is exactly why it is necessary for the entire societal system to be pulsating in the interest and in the name of and for the account of that individual, of that person, of the human. The new value bases of Macedonian society are a directional necessity in this phase of our development and existence as a nation and a state.

That is why INTEGRA will endeavor to summon the entire intellectual layer, to summon those who are the best of intellectuals in the Macedonian nation, so that they finally come forth and publicly distinguish themselves, to gather the courage and to come out to the public scene, coming out of the comfort of everydayness, to voice their standpoints. I know very well that the ship is safest at the port, but staying at the port is not what it was created for. It was created to brave the high seas. Whether the sea is calm or not is secondary. That is why the intelligence of our people must distinguish themselves and come forth to the public scene, speaking, constantly and critically, everyone in his area of knowledge, observing the societal reality, and offering a new value, a higher value, more than ever before. Only in that way will this people be able to get on the right track. Only in that way will this people be able to crystallize its best potential, introducing us to new phases of prosperity. The embarrassment upon the nation which we have endured through this governing methodology will take years to wash off. This shame upon the nation will need to be overcome in an astute way, very wisely, very shrewdly; however, doing this will require courage on behalf of all of us. We are faced with a situation in which the youth, in particular the specially educated young people, are leaving their homeland, on a daily basis, in search for better earnings, in search for a higher standard, in search for a higher quality of life.

If we have the well-being of our nation in mind, if we have our own well-being in mind, if we have in mind the well-being of our children and future generations, it is time to make the right decisions. That is why the INTEGRA Institute for Virtuous and Value-based Politics is calling upon all of you to make our contributions in that direction. For if we miss out on this moment, then we have irreversibly missed the chance to make a difference in our life, a difference that we would take pride in. Truly, it is not dignified for our hard-working Macedonian laborer to be walking proud and self-confident for only ten to fifteen days per month, since for the rest of the month he is unable to feed his own children, his family, or he cannot afford to make feasible the realization of the ambition of his children for a better life of higher quality, the realization of their dreams here, in their homeland, where they were born.

That is why, my dear ones, it is necessary for each one of us to reflect deeply and to raise his consciousness. The alarm of the consciousness of each one of us will need to resound loudly, so that we finally understand that there is a real need for us to undertake steps to make changes, to offer, to put forth a new value on the public scene, to disseminate a new and healthy seed within the groundworks of Macedonian society, finally reordering it on the right course. This vision for integrity and prosperity has to become our reality. Let us all together make the final step forward, each in his area, each according to his knowledge and ability, coming out in bravery, making a change each in our environments. Let us all together make the necessary steps in the right direction, on the right course. So that every possibility, every chance of any future government practicing undignified mode of governing is preempted and stopped.

 

Comments are closed.