ДОМА - Анализи, Интервјуа, Статии - Институтот Интегра – членка на SALLUX

Институтот Интегра – членка на SALLUX


На 13 јуни 2019 година, на осмото Генерално собрание на членките на SALLUX што се одржа во Будимпешта како полноправен член беше примен и ИНТЕГРА – Институтот за вредносна и доблесна политика од Македонија.
Традиционалниот годишниот настан на Salt & Light ( https://sallux.eu/news/salt-light-event-familiy-as-the-cornerstone-for-country-and-society.html ), овој пат се одржа во унгарскиот парламент во присуство на Европски пратеници и унгарски парламентарци.
Конференцијата на тема “ Семејството како камен-темелник за татковината и општеството“ започна со поздравниот говор на претседателот на Sallux, г-динот Дејвид Филдсенд, по што следеше излагањето на г-динот Лео ван Десбург, директор за европски прашања на ECPM (Европското Христијанско Политичко Движење).
Делегацијата на Институтот ИНТЕГРА во состав проф. д-р Љупчо Ристовски, проф. д-р Марина Малиш Саздовска, м-р Михајло Свидерски и м-р Горан Димковски зеде активно учество на конференцијата и ги реафирмираше своите ставови за традиционалните семејни вредности, наталитетот и опстојот на македонскиот народ во својата држава Македонија.
На крај, беше донесен заклучок дека притисокот врз традиционалнато семејство станува сè поголем, но сепак се преземаат значајни акции за формирање цврста христијанска демократска политика за заштита на семејните права во ЕУ.

Провери!

Традиционално семејство или ЛГБТ права

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *